ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со „бмв“ влечел расипан „пинцгауер“ за гаснење пожари, па налетал на сообраќајка со тројца повредени

Со „бмв“ влечел расипан „пинцгауер“ за гаснење пожари, па налетал на сообраќајка со тројца повредени

Велешанец кој со своето возило „бмв“ влечел најверојатно расипан „пинцгауер“, модифицирано борбено возило за гаснење на пожари, учествувал во сообраќајна несреќа во која имало тројца повредени.

МВР потврди дека „пинцгауерот“ бил во сопственост на Дирекцијата за заштита и спасување.

- Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота” со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66) од Велес, патничко возило „лада” со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв” со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Велес, кое влечело возило „пинцгауер”, сопственост на Дирекција за заштита и спасување.

Во несреќата  со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота” и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес, информираше МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.


ad
Слично

Поврзани вести