Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО БМВ УДРИ ВО ВОЗАЧ СО ТРОТИНЕТ, ПА ГО НАТЕПА: Се појави видео од инцидентот

СО БМВ УДРИ ВО ВОЗАЧ СО ТРОТИНЕТ, ПА ГО НАТЕПА: Се појави видео од инцидентот

Триесет и двегодишен скопјанец е уапсен откако со автомобил удрил во лице кое управувало тротинет, а потоа и физички го нападнал. Во јавноста се појави и видео од инцидентот, кое ја покажува драматичната сцена на улица.

На снимката се гледа како возачот на тротинет лежи на коловозот, додека над него стои возачот на автомобилот, при што се слушаат вознемирени реакции и довикувања од присутните.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 26 март 2026 година околу 11:10 часот, на подрачјето на Општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, А.С.(32) од Скопје, управувајќи патничко возило „БМВ“, удрил во тротинет управуван од З.И.(41) од Скопје.

По судирот, осомничениот излегол од возилото и физички го нападнал другото лице.

Подоцна истиот ден, околу 16:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода и го привеле во Полициската станица Кисела Вода.

-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ согласно член 386 од Кривичниот законик - информираат од МВР.


Слично

Поврзани вести