Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО БМВ И ИЗБЕГАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА: Ги оставил мигрантите и избегал од граница

СО БМВ И ИЗБЕГАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА: Ги оставил мигрантите и избегал од граница

Полицијата соопшти дека вчера во 19.00 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка – село Смоквица“, полициски сужбеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин „Богородица“.

По преземени мерки, во близина на царинскиот терминал биле пронајдени возилото и совозачот Е.Ј.(24) од село Арачиново, скопско.

Исто така, во близина на возилото биле пронајдени и девет лица мигранти од Индија. Совозачот бил лишен од слобода, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 


Слично

Поврзани вести