Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со автомобил влетале во маркет во скопско Црниче и го украле сефот

Со автомобил влетале во маркет во скопско Црниче и го украле сефот

Разбојници со автомобил ги скршиле стаклата на маркет во скопско Црниче и откако влетале во објектот го украле сефот.

Маркетот бил ограбен ноќеска, а од упадот со автомобилот била демолирана вратата и искршени излозите.

Алармот се запалил, но разбојниците го земале сефот на маркетот и избегале со црвен автомобил од типот караван.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.


Слично

Поврзани вести