Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО АВТОМОБИЛ ПО ПАТЕКА И ПО ПЕШАЧКИ ПРЕМИН - Само во Македонија се е можно

СО АВТОМОБИЛ ПО ПАТЕКА И ПО ПЕШАЧКИ ПРЕМИН - Само во Македонија се е можно

Повеќе фотографии од возила кои возат по пешачка патека на раскрсницата пред „Бриколаж“, во населбата Гази Баба, Скопје, се објавени во Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“. 

На нив може да се види како многу возила возат по пешачката или велосипедска патека и потоа по пешачките премини кои водат кон поранешиот објект на „Бриколаж“ и продолжуваат по улицата кон населбата Аеродром.

Како што стои во објавата, несовесните возачи ова го прават за да избегнат стоење пред семафорите и да го скратат времето на чекање. 

- Зашто да чекаш на семафор 15 минути кога можеш да чекаш саат и 15 минути?

Сите овие коли излегуваат од патеката за пешачи директно преку пешачки и се бутаат во лента напред, а ти чекај си, знаеш битно е човек да е легалист - пишува на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“. 

Многу повеќе фотографии може да видите на следниов линк. 

Слично

Поврзани вести