Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со 40 милиони денари ќе се реновираат спортските сали во Аеродром

Со 40 милиони денари ќе се реновираат спортските сали во Аеродром

Ќе се реконструираат спортските сали во основните училишта во општина Аеродром. Тендерот е распишан и завршува до крајот на февруари. Според најавите треба да се реконструираат покривите, внатрешната столарија и санитарните јазли и да се постават заштитни решетки на прозорците и вратите во салите.

Со реконструкцијата ќе бидат опфатени спортските сали во училиштата „Ѓорѓија Пулевски“, „Димитар Македонски“, „Лазо Ангеловски“, „Љубен Лапе“, Браќа Миладиновци“ и „Блаже Коневски“. За оваа намена се одвоени околу 40 милиони денари од општинскиот буџет, но надлежните се надеваат дека ќе потрошат помалку пари бидејќи изведувачот се бира на тендер. Од општината соопштија дека реконструкцијата на салите треба да започне во март, а пуштени во употреба ќе бидат во мај.
Слично

Поврзани вести