Со 25 милиони денари Град Скопје ќе го унапредува Центарот за управување и контрола на сообраќајот
Град Скопје започнува со подобрување на управувањето со сообраќајот преку воведување паметен зелен бран, соопшти претседателот на советот на Град Скопје, Даме Димитровски.
„На шестата седница на Советот на Град Скопје, донесовме одлука за предвидување на средства во износ од 25 милиони денари, наменети за Центарот за управување и контрола на сообраќај.
Со овие средства се предвидува унапредување на функционирањето на Центарот, редовно одржување на системите за управување со сообраќајот, како и изнаоѓање нови, паметни и современи сообраќајни решенија поврзани со сигнализацијата“, соопшти тој.
Слично
