Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО 11 АВТОБУСИ 600 МАКЕДОНЦИ ЗАМИНАА ДА ГО БРАНАТ ВУЧИЌ -контрапротест со наслов „Не ја даваме Србија“

СО 11 АВТОБУСИ 600 МАКЕДОНЦИ ЗАМИНАА ДА ГО БРАНАТ ВУЧИЌ -контрапротест со наслов „Не ја даваме Србија“

Утрово од Скопје кон Белград заминале 11 автобуси со околу 600 лица од Македонија, кои ќе му дадат поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ на најавениот контрапротест под мотото „Не ја даваме Србија“, објави „А1он“.

Централниот собир на поддржувачите на владејачката Српска напредна партија е закажан за вечерва во 19 часот пред Парламентот во Белград. Настанот е кулминација на тридневен собир организиран од власта, кој доаѓа како одговор на масовните студентски протести што траат повеќе од шест месеци.

Студентите протестираат поради, како што велат, нефункционирањето на институциите и бараат одговорност за трагедијата од 1 ноември во Нови Сад, кога при уривање на железничка настрешница загинаа 16 луѓе. Блокирани беа факултети, а протестите прераснаа во поширок народен бунт против владеењето на Вучиќ.

Слично

Поврзани вести