Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со 10 нови бунари ќе се решава водоснабдувањето во Прилеп

Со 10 нови бунари ќе се решава водоснабдувањето во Прилеп
За две недели се очекува во Прилеп  да бидат во функција 10-те нови бунари, проект на Министерството за транспорт и врски и на прилепски Водовод од околу 600.000 евра и препумпната станица во стариот резервоар, со цел вода да имаат и високите делови на градот, проект на  „Водовод и канализација„ вреден 200.000 евра. Со двата клучни зафати Прилеп ќе го реши проблемот со водoснабдувањето во периодот кога e намалена дарежливоста на изворот Студенчица.

- Кога е намалена дарежливоста на Студенчица, тогаш најголем ефект имаат бунарите и пепумпната станица. Бунарите ќе носат дополнителни 120-ина литри вода во секунда, а препумпната станица е да обезбеди притисок за високите зони како што се населбите Рид, Варош, Точила, Тризла, вели Сашо Николоски директор на јавното претпријатие „Водовод и канализација.

Градоначалникот Марјан Ристески е задоволен што една битна тема во Прилеп се симнува од дневниот ред. Со бунарите, препумпната станица и со замената и обновата на водоводната мрежа што почна со грантот на КФВ банката, а ќе заврши за неколку години со средства на претпријатието, градот за наредните децении го решава главниот проблем.

Од Јавното претпријатие нагласуваат дека за се да се одржува, неопходна е перманентната работа и активност на стручните екипи на теренот. Работата многу ќе ја олесни и подземниот катастар кој ќе ги детектира веднаш проблемите и дефектите.

Слично

Поврзани вести