Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со фалсификувани ПЦР-тестови сакале да поминат на Деве Баир

Со  фалсификувани ПЦР-тестови сакале да поминат на Деве Баир

Шест лица се фатени на граничниот премин Деве Баир со фалсификувани ПЦР-тестови.

Полицијата информира дека околу 15 часот, шест лица од кои пет од Скопје и едно од Кавадарци се уапсени.

„Се работи за Л.А.(46) и Н.А.(46), двајцата од Скопје, Л.Д.(22) од Кавадарци, Б.М.(21), С.М.(22) и Б.К.(24), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина“, соопштија од МВР. 

Тие заедно со одземените предмети биле предадени во полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Слично

Поврзани вести