Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНИМКАТА БИЛА СТАРА: Со какво богатство располага и што вози градоначалникот од Демир Хисар?

СНИМКАТА БИЛА СТАРА: Со какво богатство располага и што вози градоначалникот од Демир Хисар?

Скандал ја тресе фотелјата на градоначалникот од Демир Хисар по објавена видео снимка во која се слуша како им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговор. 

Марјанче Стојановски кој заврши и на распит во полиција вели дека снимката е стара неколку месеци и дека е направена за време на  протест во основното училиште „Гоце Делчев“ во Демир Хисар кој се случил во средината на јануари оваа година.

Според имотниот лист (кој може да го прочитате тука) , Стојановски поседува четири куќи а од нив највредната се проценува на дури 4 милиони денари.

Градоначалникот од СДСМ вози Сеат Кородоба од 2002 година а на име на родителите пријавил трактор од 120.000 денари и старо возило застава проценето на 5.000 денари.

Стојановски на градоначалничката позиција е избран на последните избори и дојде од редовите на СДСМ како вработен во Министерството за внатрешни работи.

Полицијата соопшти дека протестот се случил  поради промена на две учителки во други подрачни училишта.

Кој е градоначалникот што му направи проблем на СДСМ пред референдум

Слично

Поврзани вести