Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНИМАТЕЛ НА ТВ 24 КОЈ СЕ ОБИДЕЛ ДА СНИМИ СООБРАЌАЈКА БИЛ ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ - „Предавници новинари, само барате некои права“

СНИМАТЕЛ НА ТВ 24 КОЈ СЕ ОБИДЕЛ ДА СНИМИ СООБРАЌАЈКА БИЛ ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ - „Предавници новинари, само барате некои права“

Здружението на новинарите на Македонија - ЗНМ остро го осудува вербалниот и физички напад врз снимателот на „ТВ 24“, Иван Камчев. 

Инаку, напаѓачот ја  оштетил неговата опрема.

- Колегата Камчев враќајки се од денешно снимање со колега од „МРТВ“ на патот Градско - Прилеп кај Росоман биле биле сведоци на сообраќајна несреќа. Во обид да го документираат настанот снимателот Камчев бил вербално, а потоа и физички нападнат при што му била оштетена неговата опрема, велат од Здружението.

Во телефонски разговор веднаш по немилиот настан, Камчев го пријави случајот во ЗНМ.

- Само што почнав да снимам инсерти, лицето се доближи до мене почна да вика предавници новинари, само некакви права барате и ни се обрати со погрдни зборови. Неколку пати замавна по мене и еднаш успеа да го погоди сталакот и ја оштети камерата, вели Камчев.

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи СВР Велес од каде веднаш по пријавата се преземени мерки за расчистување на случајот.

Од ЗНМ велат дека ќе ја следат истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал снимателот Камчев и го спречил физички да ја изврши својата професионална работа.

– Потсетуваме дека напад на медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело каде што МВР и ОЈО имаат обврска да постапуваат по службена должност. Бараме од МВР и ОЈО да спроведат брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот, додаваат од МВР.

Слично

Поврзани вести