Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снимал со мобилен тепачка на жени во трговски центар

Снимал со мобилен тепачка на жени во трговски центар

МВР објави дека две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад во трговски центар на територијата на општина Центар. Едно лице при тоа со мобилен телефон го снимало настанот и за тоа е пријавен.

„На 11.01.2026 во 13:10часот во СВР Скопје, С.К.П.(41) пријави дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар, била физички нападната од 56-годишната М.Д., а едно машко лице кое било со неа ја снимало со мобилен телефон. 

Исто така, и М.Д. пријави дека била физички нападната од С.К.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,информира полицијата.


Слично

Поврзани вести