Снежна покривка во Македонија - колку снег има во Маврово и Крушево?
Утрово во Крушево има снежна покривка од 1 цм, а во Маврово од 3 цм.
Температурите се -7 Лазарополе, -5 Крушево, Маврово, -4 Берово, -2 Пожаране, Ѓуриште, Претор, Охрид, -1 Скопје Петровец, Битола, 0 Струмица, Тетово, Крива Паланка, Виница, 1 Куманово, Штип, 2 Скопје, Демир Капија, 4 Дојран, 5 Гевгелија.
Денеска ќе имаме променливо облачно и студено со засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и источните делови.
Претпладнево во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 6 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 10 степени
За време на викендот утринските температурите на повеќе места ќе бидат околу или под нулата. Дневната температура од сабота ќе биде во пораст.
Слично
