Снежна идила на Попова Шапка: Наврна нова тура снег
Обожавателите на скијањето се израдуваа на новата тура снег која утрово ја покри Попова Шапка.
По неколкуте објавени фотографии на социјалните медиуми забележливо е дека токму таму паднале над 10 сантиметри снег.
Скоро на сите планини ширум државата падна нов снег а метеоролозите го најавија тоа пред неколку дена.
Температурите се во пад за над 10 степени целзиусови а ветер кој се движи со брзина од над 90 км/ч беснееше на повеќе места.


Фото: Фејсбук
Слично
