Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНЕМУВА ВАКЦИНИ ВО НИШ: Преголем бројот на оние што немаат закажано

СНЕМУВА ВАКЦИНИ ВО НИШ: Преголем бројот на оние што немаат закажано

Од пред еден час граѓани кои отидоа да се вакцинираат во Ниш за Фактор јавуваат дека здравствените работници во тој вакцинален пункт ги известиле дека има многу поголем број на оние што дошле да се вакцинираат од количината вакцини со кои располагаат.

-До пладне, ако не и подоцна немаше никави проблеми. Ги вакцинираа сите, но гужвата како што можете да видите од фотографиите кои ви ги праќаме навистина е огромна. Во редот стојат и луѓе кои имаат закажно во Белград, но бидејќи Ниш им е поблиску дошле тука да се вакцинираат, а огромен е и бројот на оние кои немаат термин, туку се дојдени само со пополнетиот формулар. Сепак, еве сега, само што добивме известување од медицинскиот персонал кој што ја врши вакцинацијата дека ќе мора да ги вратат оние кои немаат закажано, а другите кои имаат термин во Белград да одат таму, вели соговорникот на Фактор.

Инаку, денеска тече вториот ден од масовната вакцинација во Србија, каде дојдоа граѓани од сите поранешни југословенски републики. Одѕивот е масовен, пред се поради фактот што во најголем дел од земјите на Западен Балкан вакциналниот процес не ни започнат како што треба.

А.Б.

Слично

Поврзани вести