Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНЕМАЛО СТРУЈА НА СРЕДБАТА ПЕНДАРОВСКИ - ОСМАНИ: Претседателите останале во мрак

СНЕМАЛО СТРУЈА НА СРЕДБАТА ПЕНДАРОВСКИ - ОСМАНИ: Претседателите останале во мрак

Додека траел состанокот на македонскиот претседател Стево Пендаровски и неговата колешка од Косово, Вјоса Османи, снемало струја во претседателството на Косово, јавуваат регионалните медиуми.

Струјата била исклучена околу четири минути. некои од медиумите информираат дека прекинот е поради проблемите со снабдувањето и енергетската криза во земјата.

Македонија и  Косово поделуваат заеднички стратешки цели во надворешната политика, објави вчера претседателот Пендаровски по средбата.

„Северна Македонија ги поддржува евро-атлантските аспирации на Косово и стоиме на располагање да ги пренесеме нашите искуства, како на патот кон ЕУ, така и во однос на аспирациите за интегрирање во НАТО. Членството во овие две организации значи натамошна стабилизација и просперитет за регионот, соопштија од кабинетот на претседателот.




Слично

Поврзани вести