СНЕГОТ ПОВТОРНО СЕ ВРАТИ - возете внимателно, нема забрани за движење, но има снег, еве каква е состојбата на патиштата
Поради обилните врнежи со снег во текот на ноќта беше воведена забраната за тешки товарни возила на превојот Пресека, којашто од утрово во 06:30 часот е укината.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти АМСМ. Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, послаби врнежи на Попова Шапка, Дебар и Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потсетува на законскатра обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.
Метеопрогнозерот Славчо Поповски, утрово објави фотографија од Пресека со напомена дека треба сите возачи да бидат екстремно внимателени при возење.
- Еве како изгледа планинскиот превој Пресека во моментов - Крајна претпазливост доколку се движете према овој планински превој! - напиша тој на Фејсбук.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
