Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снегот на патиштата ги полни болниците со повредени патници

Снегот на патиштата ги полни болниците со повредени патници

Еден тешкоповреден возач е примен во Клиниката „Мајка Тереза“ откако му се преврте автомобилот, а други шест биле згрижени во болницата во Штип, вели билтенот по вчерашните сообраќајни несреќи на патиштата завеани од снег.

Во 20.00 часот синоќа се случила сообраќајна незгода на локалниот пат Кадино – Миладиновци, кај Кадински мост. Од МВР денеска информираат дека патничко моторно возило„БМВ Х5„ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот С.Н од Скопје, излетало надвор од коловоз и се превртело. Со повреди се здобил возачот кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и му се констатирани тешки телесни повреди.

Шест лица се здобиле со повреди откако синоќа поради лизгав коловоз и неприлагодена брзина се судриле неколку автомобили кај Штип. Според првичните информации сите имале телесни повреди и се пренесени во штипската Клиничка болница.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова истакна дека во првата сообраќајна несреќа кај штипската населба Три чешми учествувале три возила и се повредени пет лица, а неколку часа подоцна се случила сообраќајка и на патот Штип-Велес во која учествувале две возила, а со телесни повреди се здобило едено лице, кое исто така е хоспитализирано во болницата.

Сообраќајна несреќа имало и на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Пилав Тепе“ во која учествувале две возила. 

Слично

Поврзани вести