Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снегот ќе потфрли за празниците во Крушево но градот ќе биде преполн за Нова година

Снегот ќе потфрли за празниците во Крушево но градот ќе биде преполн за Нова година

Родното место на музичката легенда Тоше Проески оваа Нова година ќе биде преполно со туристи. Така барем навесуваат од хотелите и приватните сместувалишта.

Се бара место повеќе, но она што ќе им фали на оние кои ќе ја дочекаат 2020 година таму е извесно дека ќе биде снегот.

Метеоролошките специјализирани сајтови не ветуваат снег да падне за Нова година во Крушево.

Според „Акуведр“ , времето таму деновиве ќе биде претежно сончево, но и облачно.

Температурите таму денеска ќе се движат од -1 преку ден па до -9 ќе се спуштат во текот на ноќта.

Последниот ден од оваа календарска година таму времето ќе биде претежно сончево со температури до 2 степени преку ден, додека вечерните ќе се движат до -6 степени Целзиусови.

Што се однесува до забавната програма, Крушевчани, но и туристите на плоштадот ќе ги забавува Викторија Лоба.


Слично

Поврзани вести