Снегот го затрупа Маврово
Температурата од -12 степени целзиусови овозможи неверојатно голема снежната покривка во Маврово да изнесува дури 56 сантиметри пто е убедливо најмногу во сите останати делови од земјата, објави УХМР.
Во останатите региони, до 26 сантиметри се измерени во Крушево, 24 во Битола, 17 во Тополчани, 11 во Пожаране, 10 во Берово, осум во Лазарополе…
И денеска повремено ќе има засилен северен ветер и повремено ќе провејува снег.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за провејување на снег.
Повремен слаб снег ќе има и во недела, а во првите два дена од следната недела ќе биде сончево со умерена облачност, но и натаму ќе биде студено.
Слично
