СНЕГОТ ГИ ЗАВЕА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ: воведена забрана за тешки товарни возила на неколку патишта
Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци во земајва. Како што сподели АМСМ, забранта се воведува поради отежнато движење на патиштата предизвикано од обилните врнежи од снег.
Како што информираат од АМСМ, забрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот премин Стража.
Како што соопшти АМСМ, забраната важи и за патниот правец крак Маврово – Дебар и е воведена од 15.25 часот.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато. Оваа забраната е воведена од 16.20 часот.
Слично
