СНЕГОТ ГИ НАПОЛНИ СКИ ЦЕНТРИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА - еве како беше викендов, многу луѓе ги посетија омилените зимски дестинации
Градоначалникот на општина Кавадарци објави видоео од атмосферата на ски центарот „Михајлово“ по подготовката на стазите за скиање.
Снегот кој падна во нашата земја поттикна голем интерес кај граѓаните, од кои голем дел го искористија слободниот викенд за посета на ски центрите и уживанции во снегот.
На овој линк може да видите како беше во ски центарот Михајлово.
Секако снег има и на нашите познати скијачцки центри, Маврово и Попова Шапка, каде голем број граѓани уживаа и се забавуваа во снежните наноси.
Снег во големи количини има и на Попова Шапка, каде од пред неколку дена се подготввуаат ски стазите.
Еве дел од тамошната атмосфера.
Секако и скијањето е започнато, а терените на овој ски центар се отворени за посетители.
Дел од медиумите во источна Македонија пренесуваат дека голем број сограѓани имаа можности да искористат дел од викендот и да уживаат во ски спортовите и во тамошните ски центри.
Телевизија Мтнет со видео ја доловува атмосферата од ски стазите.
Познатиот метеопрогнозер Славчо Поповски на социјалните мрежи сподели видое од стадо елени на Галичница.
