СНЕГ ВО МАРТ: Еве каде вее во моментов во Македонија
Снег вее во повеќето градови низ Македонија.
Од Accuweather може да се забележи дека снег паѓа во Скопје, Штип, Битола, Берово, Куманово, Кавадарци, Делчево и Прилеп.
Утре ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат.
Во сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. Во сабота и во недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од минус четири до еден степен.
Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.
Слично
