Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

Обилните врнежи кои деновиве зафатија делови од Европа и Балканот, на повисоките планински врвови донесоа и снег. 

Таков е случајот со планината Кредарица во Словенија. Новиот влажен бран веќе се спушта низ Балканот, а денеска донесе многу дожд во Хрватска и соседна Србија, и веќе утре се очекува да ја зафати и нашата земја. 

- На Кредарица во Словенија добро забелило, ладниот Атмосферски фронт забрзано се спушта кон Македонија - напиша метеопрогнозерот Славчо Попоски на неговиот Фејсбук профил. 


Од Управата за хидрометеоролошки работи вчера најавија дека под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север денес ќе настапи позначителна промена на времето.

- Од утринските часови најпрвин во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер, наместа над 70 километри на час кој ќе продолжи и во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали - за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени - соопшти УХМР.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник и среда времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

- Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд - најавува УХМР.

Слично

Поврзани вести