СНЕГ ЌЕ ПАЃА НАСЕКАДЕ - Искористете го викендот, од понеделник температурите длабоко под нулата
Oблачно и студено време, и врнежи претежно од снег, најавуваат за денеска синоптичарите Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови, објави Управата за хидрометоролошки работи.
Според УХМР на планините ќе се формира значителна снежна покривка, дури и над 30 см, а во пониските места се очекува од 3 до 10 сантиметри снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.
И во Скопје се најавува претжно облачно и студено време со врнежи од снег.
- Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 3 степени - соопшти УХМР.
Локални врнежи од снег, како што информира УХМР, ќе има и во недела претпладне. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.
