СНЕГ ИЛИ ДОЖД: Какво време се очекува денеска и утре?
Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб локален снег во западните делови кој кон југ ќе преминува во дожд, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Кон крајот на денот во југоисточните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервалот -4 до 1, а максималната од 2 до 7 Целзиусови степени.
Во недела преку денот и особено попладне ќе започнат врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, со што ќе започне неколкудневен врнежлив период и постепен пораст на дневните температури.
Утринските температури ќе се претежно во интервал од -3 до 3 степени, иако до вторник и тие благо ќе се покачат.
