Снег и застој на патиштата во источна Македонија
Застој има на дел од патните правци во Пијанечко-малешевскиот регион.
Обилните снежни врнежи предизвикаа застој на дел од патните правци во Пијанечко-малешевскиот регион. Застој е регистриран на регионалниот пат Пехчево – Делчево. Да се внимава на потегот од село Тработивиште до село Панчарево, каде има појава на одрони. Врнежи од снег и снежна покривка има и во Дебар.
Слично
