Економија, финансии, бизнис

Контакт

СМС пораката на Русковска е израз на моментално разочарување, тврдат од Јавното обвинителство

СМС пораката на Русковска е израз на моментално разочарување, тврдат од Јавното обвинителство

СМС-пораката на oбвинителката Вилма Русковска е израз на моментално разочарување, велат од Јавното обвинителство. 

Обвинителството  излезе со официјален став откако Апелацискиот суд ја објави содржината на СМС-пораката, што обвинителката Русковска му ја испратила на еден од тројцата судии кои наводно ја донеле одлуката за куќен притвор на екс специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„Реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и поднесено обвинение, очекува судска разрешница“, се нагласува во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавното обвинителство наведува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт.

СМС пораката денеска ја објави Апелациониот суд Скопје. Во неа се наведува дека затоа што ќе пуштиле Јанева „од гаќи ќе го истресе цел совет со финансиска истрага“.

Јанева синоќа замина во домашен притвор. Таа помина три месеци во притвор во Шутка.  Беше кажано дека Јанева имала проблеми со срцето. 

Слично

Поврзани вести