Економија, финансии, бизнис

Контакт

СМРЗНУВАЧКА: Каде утрово беше најстудено?

СМРЗНУВАЧКА: Каде утрово беше најстудено?

Поголем дел од Македонија утрово се разбуди со температури под нулата. 

Најстудено е во Маврово и Ѓуриште каде се измерени -7 степени, а најтопло во Гевгелија каде утринската температура е 3 степени над нулата. 

Дневната температура нема да се разликува од утринската и ќе биде во интервал од -2 до 3 степени, а на планините и значително пониска, особено во северните делови. 

Врнежи од снег утринава има во западните делови од државата, а долж Повардарието дува засилен северен ветер. Во текот на денот врнежите од снег ќе биде повремени, а поообилни се очекуваат во ноќните часови. 

Врнежи од снег ќе има и во Скопската Котлина, почнувајќи од претпладневните часови, а пообилни ќе бидат во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде околу нулата.

Поради влијанието од многу студена и влажна воздушна маса пообилни врнежи се очекуваат и утре претпладне кога на пониските места ќе се формира снежна покривка од околу 10 до 15 см, а на планините ќе се зголеми и за повеќе од 30 см. Во вторник послаби врнежи од снег ќе има во западните и јужните делови од земјава.

Слично

Поврзани вести