Смрзнат дожд паѓа во Македонија
Врнежи од дожд има во западните делови, а снег утрово врне само во Крушево и Тетово. Во Пожаране врнежите од дожд веднаш се заледуваат по паѓањето на земјата. Дува слаб до умерен југоисточен ветер кој е најизразен во Ѓуриште и во Тополчани.
Минималната температура утрово во Македонија се спуштила до минус седум измерена во Пожаране. Под нулата било и во Ѓутиште и Тетово минус пет, Крива Паланка, Скопје и Тополчани минус три, Крушево, Виница, Берово, Прилеп и Битола минус два, Струмица и Претор минус еден. Нула е измерена во Дебар и Штип, еден во Охрид до два степена во Демир Капија, Маврово и Гевгелија.
Врнежи има во Крушево еден литар на метар квадратен, Тетово два, Претор три, Пожаране четири, Охрид шест, Дебар седум и Маврово 11 литри на метар квадратен.
