Економија, финансии, бизнис

Контакт

СМИРЕНА РЕТОРИКА И НАСМЕАНИ ЛИЦА - доби ли Максим Димитриевски „благослов“ од лидерот за трка за уште еден мандат

СМИРЕНА РЕТОРИКА И НАСМЕАНИ ЛИЦА - доби ли Максим Димитриевски „благослов“ од лидерот за трка за уште еден мандат

Се смирија ли внатрепартиските страсти. Насмени лица, но и непрецизен одговор од премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за тоа дали токму Максим Димитриевски ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово.
Кај Максим Димитриевски вчера можеше да се забележи дека тој ја очекува партиската поддршка. Имаше многу посмирена реторика во однос на многу негови досегашни настапи во кои не се криеја искричења со истакнати кадри од СДСМ.
„Имав чест и задоволство да бидам домаќин на свеченото отворање на реконструираното спортско игралиште во комплексот Соколана, на кое присуствуваа Премиерот Зоран Заев, директорот на АМС Наумче Мојсоски и други истакнати лица од политичкиот, спортскиот и културниот живот во нашата држава и регионот.

Го пуштивме во употреба игралиштето во Соколана, како прва фаза од трите предвидени во проектот за реконструкција на овој грандиозен објект, каде се одржуваа единствените и неповторливи спортски турнири, како центар на внимание на спортската јавност во поранешна Југославија и културно-забавниот живот преку незаборавните матинеа и игранки.

Доделивме признанија на најистакнатите спортисти од Куманово и членовите на семејствата, кои добар дел од животот го поминале во Соколана и дале свој придонес за развој на спортскиот живот.

Ќе продолжиме да ги градиме спортските капацитети и да го развиваме спортот во нашиот град, ќе се натпреваруваме и ќе славиме победи заедно за наше Куманово“, напиша на фејсбук градоначалникот, објавувајќи сериј фотографии од настнот.

Премиерот Зоран Заев, пак, вчера, при отворањето на првиот Младински центар во Куманово, запрашан дали актуелниот градоначалник Максим Димитриевски ќе ја има поддршката за уште еден градоначалнички мандат на локалните избори, рече дека во Куманово се заради младите пред се.

„Ние сме другари и социјалдемократи и секогаш во демократска процедура ги утврдуваме најдобрите меѓу нас коишто по сугестија на граѓаните, по пат на анкета и истражување се тие што ќе ги понудиме за кандидати, и за советници и советнички и за градоначалници и градоначалнички. Секако дека Максим е еден од фаворитите, но овде имаме и други кандидати. Денеска во Куманово сме дојдени пред се за младите. Како и сите останати политички партии, така и Социјалдемократскиот сојуз ќе го истакне тоа што е најдобро од своите редови, за да им го понудат на граѓаните и да биде им биде сервис“, рече Заев.

Слично

Поврзани вести