Економија, финансии, бизнис

Контакт

Смирен, умерен, колегијален: Помладите можеа да учат што значи да се биде новинар, но пред сѐ човек - почина Предраг Димитровски

Смирен, умерен, колегијален: Помладите можеа да учат што значи да се биде новинар, но пред сѐ човек - почина Предраг Димитровски

Познатиот новинар Предраг Димитровски денеска почина по кратко боледување. 

Веста за смртта на еден од доајените на македонското новинарство Димитровски (1959-2023) ја објавија од „Пресинг ТВ“ каде последно работеше.

Димитровски беше новинар со над 30 годино искуство. Беше главен уредник во весникот „Вечер“ од 2005-2006 година, а потоа работеше и во весникот „Дневник“. 

Последните години од работниот век ги помина во „Република“ и „Пресинг ТВ“.

- Неговите колумни предизвикуваа големо влијание и беа едни од најчитаните. Посебно беше горд на биографијата на Павел Шатев, на која активно работеше. Димитровски е добитник на наградата за долгогодишен придонес за професионално известување во професијата од МАН.

Ќе ја паметиме неговата посветеност кон работата, неговата принципиелност, лојалност. Посветуваше внимание на секоја буква во негоават реченица, го одмеруваше секој напишан збор, внимаваше на најситниот детаљ. Го нарекувавме жива енциклопедија. Во глава ги имаше сите информации, сите датуми, сите податоци од поблиската и подалечна историја - пишува во објавата на „Пресинг ТВ“.

Како што посочуваат: Пепи беше колега со кој беше задоволство да се работи. Смирен, умерен, колегијален. Никогаш не се наметнуваше, иако со себе носеше години и години искуство и знаење. Помладите колеги можеа да учат од него што значи да се биде новинар, колега, но пред сѐ човек. Смислата за хумор, шегите на своја сметка, расположението за дружење и добар муабет, посветеноста кон работата, но пред сѐ кон семејството беа само дел од епитетите кои го красеа како личност, пишува во објавата на „Пресинг ТВ“.

Додаваат дека иако неговата лавовска борба не го напушти до самиот крај, за жал, по многу победи во животот, последната ја загуби… 

Но, остануваат неговите колумни, неговите анализи, неговите авторски дела преки кои долго ќе се споменува неговото име.

Смртта на колегата Пепи беше повод многу луѓе да се опростат од него преку социјалните мрежи:



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести