Смилевски: Ќе ги решиме проблемите на зоната Визбегово за подобра бизнис клима
Велимир Смилевски кандидатот за градоначалник на Бутел на трибина за развој на индустриската зона Визбегово вети конечно решавање на проблемите на компаниите за подобрување на бизнис климата.
„Најголем проблем за спориот економски развој во општината се должи на инфраструктурните проблеми. Овие проблем со години го отежнуваат развојот и инвестирањето во отворање на нови работни места и развојот на постоечките индустриски и стопански капацитети. Со превземање на мерки за решавањето на овие проблеми во индустриската зона, се подразбира обновување и изградба на локалните патишта, канализацијата, водовод, како и дополнително електрично напојување во индустриската зона ВИЗБЕГОВО. Ова подразбира и анализа на постоечкиот детален урбанистички план во оваа индустриска зона, така што новото планирање целосно ќе биде изготвено и ставено во функција на потребите и барањата на стопанствениците и жителите во оваа зона и во општината Бутел.
Планираме вложувањето во решавање на инфраструктурните проблеми да биде направено со залагање на локалната власт, а не како досега да биде препуштено на самофинансирање и оптоварување на буџетот на приватните фирми кои гравитираат во овој дел. Придобивките од овие усилги на локалната власт ќе бидат подобрување на бизнис-климата и отворање нови работни места за кои приоритет ќе имаат жителите на општина Бутел“, посочи Смилевски.
