Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сметките на „Жан Митрев” остануваат блокирани, одлучи Апелација

Сметките на „Жан Митрев” остануваат блокирани, одлучи Апелација

Апелација ја одби жалбата на Жан Митрев, при што сметките на болницата остануваат блокирани.

„Апелација информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-208/23, по одржана јавна седница донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Ж. М. од С. и обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница Ж. М. од С., изјавена преку бранителите и решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.349/23 од 24.02.2023 година, со кое предлогот за определување на привремени мерки за обезбедување на имотно-правно побарување на Основното јавно обвинителство Скопје КО.бр.2859/22 од 23.02.2023 година према обвинетиот Ж.М. и обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница Ж. М. од С. е уважен, го потврди. Советот на овој суд најде дека првостепениот суд правилно постапил кога го прифатил предлогот на Обвинителството и спрема обвинетите определил привремени мерки – забрана за оптоварување и располагање со недвижноста наведена во изреката на решението, како и забраната за исплата на износите наведени во изреката на обжаленото решение од сметките на правното лице за износите за кои е определена мерката, наоѓајќи дека се исполнети сите законски услови“, велат од Апелациониот суд.

Лекарот Жан Митрев и неговата болница, се товарат за продолжено кривично дело „измама“.

Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ лани објави документарец по наслов „Нечиста крв“ за наводни измами при користење на методата хемофилтрација при лекување на пациенти со ковид-19.

Слично

Поврзани вести