Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сметката на Ивона Талевска е блокирана?

Сметката на Ивона Талевска е блокирана?

На Ивона Талевска, главната уредничка на весникот „Вечер“, веќе подолго време и е блокирана трансакциската сметка, дознава „Фокус“. 

Скопски адвокат, кој се обидел да наплати долг од неа, не успеал затоа што извршителот му кажал дека сметката е блокирана.

Адвокатот појаснува дека требало да наплати околу 1.500 евра за адвокатски трошоци и судски такси, односно Талевска изгубила два судски спора за клевета и навреда, па сите трошоци паѓаат на товар на оној што го губи предметот. Во случајот Талевска била тужител, односно се почувствувала наклеветена и навредена од новинарски текстови, па поднела две тужби против новинари, една против Бранко Геровски, и втора против Мери Јордановска и Јадранка Костова. Но, бидејќи судот не пресудил во нејзина корист, сега треба да ги подмири трошоците.

Слично

Поврзани вести