Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сметката на 1ТВ повторно е блокирана

Сметката на 1ТВ повторно е блокирана

Управата за јавни приходи ја блокирала сметката на 1ТВ, дознава Фактор.

Според наши информации станува збор за нов долг кој телевизијата го има кон УЈП. 

Неформален сопственик на 1ТВ е Бојан Јовановски кој моментно е првоосомничен во случајот на Јавното обвинителство „Рекет“ и е во притворското одделение во Шутка. Инаку официјално сопственик на оваа телевизија е БМЈ медиа, фирмата која е на неговиот татко.

Управата за јавни приходи и кон крајот на јуни, односно минатиот месец еднаш ја блокираше сметката на телевизијата, за што имаше и официјална потврда. Но откако информацијата ја објави Фактор, долгот беше платен па блокадата беше тргната. Тогаш Јовановски, познат како Боки 13 тврдеше дека во јавноста се шират шпекулации и тенденциозни написи. 

„По однос на причините врз чиј што основ сметката е блокирана, ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка, Управата за јавни приходи е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“, информираше могаш УЈП. 

Слично

Поврзани вести