Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сместувањето на Авганистанците може да го плати прво Владата пред да пристигнат парите од САД

Сместувањето на Авганистанците може да го плати прво Владата пред да пристигнат парите од САД

Премиерот Зоран Заев денеска при посетата на Јегуновце рече дека е можно Владата прво да го плати сместувањето на 450-те Авганистанци што се очекува да бидат распоредени во хотели и мотели, пред да пристигнат парите од меѓународните организации и САД.

- Треба да има разбирање бидејќи станува збор за меѓународните плаќања, затоа ние ќе платиме првин, додека да завршат процедурите, рече Заев и додаде дела сите примени Авганистанци ќе нидат тука за времено сместување и дека станува збор за граѓани со демократски убедувања.

Засега 450 цивилни граѓани од Авганистан треба да се сместат во хотели и мотели во земјава, а според последната владина најава тие треба да стасаат во Македонија до крајот на неделава. Хотелиерите кои ги контактиравме малку знаат за оваа операција и велат дека не се контактирани за сместувањето. Тврдат дека секој сопственик сам треба да си одлучи дали ќе сместува гости од Авганистан и децидни се дека тоа треба да се плати. 

Тој додаде дека сите досегашни планирани евакуации на македонски граѓани од Кабул се завршени и дека нема ниту еден загрозен наш државјанин.

„Најголемиот дел, преку 30 веќе се во британскиот Свинленд, над 20 се во Доха и ќе пристигнат преку Европа во Скопје, Последните планирани евакуаирани преку НАТО-базата веќе се наоѓаат во Осло“, информираше Заев.



Слично

Поврзани вести