Економија, финансии, бизнис

Контакт

СМЕШНАТА СТРАНА НА КОРОНАТА - комични фотографии како би изгледале кафулињата

СМЕШНАТА СТРАНА НА КОРОНАТА - комични фотографии како би изгледале кафулињата

За тоа кога ќе се отворат локалите во земјава и какви правила на игра за нив ќе важат, се уште нема прецизни информации.

Првичните најави беа дека тоа ќе биде на средината на месецов, а со угостителите се договараат измените што ќе мора да ги направат кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти, за да може и да работат, и притоа да се спречи ширењето на коронавирусот КОВИД-19.

Според најавите од надлежните, отворањето на локалите ќе оди постепено, а условите што ќе мора да ги исполнат е задолжително миење на рацете, носење маски, и држење на социјална дистанца.

На почетокот ќе се отвораат терасите, бидејќи таму е на отворено, а потоа и затворените простории.

Одреден број земји веќе најавија дека локалите многу скоро ќе почнат да се отвораат, со задолжително почитување на препораките за заштита.

Во Србија се најавува и поставување на заштитни паравани меѓу гостите.

А во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавуваат шеговити фотографии за тоа како ќе изгледаат локалите по отворањето, откако беа затворени од корона кризата.

Меѓу нив се поставени паравани, така што гостите не можат да се видат, а тешко ќе биде и да поразговараат.

Слично

Поврзани вести