СМЕНИ ВО СОБРАНИЕ: Кој си оди, а кој ќе седне во пратеничка фотелја?
Откако дел од пратениците станаа градоначалници, автоматски на нивно место ќе влезат нови пратеници.
Петре Шилегов, Стефан Богоев и Максим Димитриевски во пратеничките клупи ќе ги заменат Татјана Лалчевска, Анета Симеска Димоска и Лидија Тасевска.
Сашо Поцков кој од пратеничката клупа заминува на чело на општина Гевгелија местото во собрание ќе му го отстпаи на Ристе Ташев, додека Коста Јаневски кој ќе управува со општина Струмица во праетничката фотелја ќе го замени Костадин Костадинов.
По вториот изборен круг е можно Собранието да добие уште шест нови пратеници.
Актуелни пратеници кои во втор круг ќе се борат за градоначалничка функција се Курто Дудуш, Благој Бочварски и Бетиане Китев од СДСМ, Јохан Тарчуловски од ВМРО- ДПМНЕ, како и Зијадин Села од Алијансата за Албанците и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.
Да потсетиме и дека пред изборите Бардиљ Даути од ДПА и Билал Касами од БЕСА си дадоа оставка од пратеничките фотелји и на нивно место според процедурата треба да дојдат нови пратеници од истата партија.
Како што споменавме денеска е последниот ден од изборната кампања. Во недела во неколку градови и општини ќе се гласа по втор пат.
