Економија, финансии, бизнис

Контакт

Смени во Програмскиот совет на МРТ

Смени во Програмскиот совет на МРТ

Програмскиот совет на Македонската Радио телевизија (МРТ) избра нов претседател. 

Советот ја разреши досегашната претседателка Снежана Клинчарова, а на нејзино место ја избра Смилка Јанеска – Саркањац, информираше Здружението на новинарите на Македонија.

Професорката на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Јанеска-Саркањац е член на Советот предложена од интеруниверзитетската конференција.

По изборот на Саркањац, досегашната претседателка Клинчарова во знак на револт усмено најавила оставка од членството во Програмскиот совет.

На истата седница е разрешен и досегашниот заменик – претседател на Советот Агим Лека, а на негово место е избран членот на Советот предложен од ЗНМ, главниот и одговорен уредник на дневниот весник Коха, Ведат Мемедалиу.

Слично

Поврзани вести