СМЕНАТА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА КЛИНИКИТЕ Е ПОРАДИ ИСТЕКУВАЊЕ НА МАНДАТОТ: Викторија Јовановска останува на ГАК
Министерството за здравство информира дека поради истекување
на мандат во време на предизборниот период спореведни се конкурси во 3 јавно
здравствени установи за избор на 4 директорски места.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана согласно доставените документации.
На Клиниката за гинекологија и акушерство - Скопје по спроведените конкурси мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор.
На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров.
-Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство.
