Смели прогнози: Биткоинот ќе чини половина милион долари
Рони Моас, основачот на аналитичката куќа Standpoint Research, по успешните прогнози дека криптовалутите ќе доживеат бум на пазарот во 2017-та, сега има нова смела прогноза, односно дека биткоинот ќе достигне неверојатна вредност од речиси половина милион долари.
Според Моас главната причина поради која биткоинот ќе достигне такви мегаломански суми е поради неговата уникатна применливост, но и гаранција на тоа што е вложено дека ќе расте со речиси непречени динамики.
Компјутерските експерти направиле проценка дека физички нема да биде возможно, ниту технички изводливо да постојат повеќе од 21 милион дигитални токени, па така со ограничената понуда, а огромна побарувачка цената на биткоинот вртоглаво ќе расте и ќе се стабилизира на околу 350-400 илјади долари.
Моас вели дека во наредните години секој ќе се обиде да стигне до еден токен на биткоин што би претставувало големо богатство и токму ограниченоста ќе го одржува на високи стапки без оглед на самите влијание на пазарите или регулацијата.
Дури и биткоинот да биде целосно забранет никој не може да го спречи неговото тргување и користење на црно, но со оглед на тоа во каков џин прераснува тешко дека некој сега ќе се одлучи да го укине и уште на старт да спречи огромни ризици по светската економија.
