Економија, финансии, бизнис

Контакт

Службите во МНР го разгледуваат Патоказот за спроведување на Договорот со Бугарија

Службите во МНР го разгледуваат Патоказот за спроведување на Договорот со Бугарија

Патоказот за спроведување на Договорот со Бугарија е на увид во МНР. 

Oва денеска го изјави премиерот Зоран Заев. Тој вели дека техничката влада во Софија има уставна можност да донесе одлука и тоа е она што тој го очекува. Но, додаде дека ако тоа не се случи на 22 јуни, тука е септември кога во Бугарија треба да има политичка влада.

„Кога зборува Бугарија за гаранциите, зборуваме и ние, тие се добробит на двата народа и двете земји, а тоа е уште поефикасна реализација на Договорот, што значи побрза изградба на железницата помеѓу Куманово и бугарската граница, од друга страна од Бугарија кон граничниот премин Клепало кај Берово. Посериозна соработка помеѓу институциите, за која може да видите овие неколку месеци како ги имаме секојдневните соработки“, изјави Заев.

Според премиерот, португалскиот предлог е одлична појдовна основа за постигнување договор со Бугарија. 

Бугарија има услови за Македонија доколку земјава сака да продолжи по европскиот пат. Претседателот на Бугарија, Румен Радев, како што објави агенцијата БТА, изјавил дека има „цел список на формални услови што треба да се исполнат“. 

Неизвесно е дали Македонија наскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести