Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЖБЕНИЦИТЕ СЕ ЛЕГЛО НА КОРУПЦИЈА, НЕ МИНИСТРИТЕ: Премиерот Заев за извештајот на Стејт Департментот

СЛУЖБЕНИЦИТЕ СЕ ЛЕГЛО НА КОРУПЦИЈА, НЕ МИНИСТРИТЕ: Премиерот Заев за извештајот на Стејт Департментот

Премиерот Зоран Заев коментирајќи го последниот извештај на Стејт Департментот во делот за инвестициската клима, според кој во Македонија постои голема корупција, вели дека проблемите ги направиле вработените дури во третиот ешалон, а не првите луѓе.

-Никаде во највисокиот ешалон, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција. Значи таа не е пронајдена кај министрите, кај директорите. Пронајдена е по анализата. Системски токму тоа значи, пронајдена е во делот на административното функционирање на јавните институции. И затоа поставивме ние потпретседател на влада, меѓу другото задолжен за борба против криминалот и корупцијата. 9, 10 месеци се работи на таа тема, со ваков фокус. Институциите што постојат и досега, како независните институции – ДКСК, Државен завод за ревизија, Јавното обвинителство, правосудството може да бидат само помогнати од овој ресор затоа што дефинитивно ние сме телото, односно јавниот сектор е телото каде што независните институции го прават мониторингот за борбата против криминалот и корупцијата, вели Заев.

Премиерот најави дека и овој извештај на Стејт Департментот ќе биде искористен за подобрување на борбата против корупцијата за што, како што рече е воведена и нова вицепремиерска позиција.


Слично

Поврзани вести