Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈОТ „ПОТКУП“ ПРЕД ФИНИШ: Ќе има ли ослободителна пресуда?

СЛУЧАЈОТ „ПОТКУП“ ПРЕД ФИНИШ: Ќе има ли ослободителна пресуда?

Исказ пред Судот треба денеска да даде премиерот Зоран Заев кој во случајот „Поткуп“ е обвинет за примање поткуп.

На денешното судење по исказот би се извеле дополнителни докази доколку ги има и со тоа финишира судењето за „Поткуп“.

Првиот човек на Владата на претходното рочиште кажа дека очекува ослободителна пресуда а по рочиштето денеска во суд, следува потегот на ЈО од чија одлука како ќе постапи со обвинението ќе зависи и судската одлука.

На рочиштето кое се одржа на 30 април премиерот побара да се објави ослободителна пресуда.

Во судот се гледаше целосната снимка, а Заев кажа дека е време да финишира целиот случај бидејќи истиот е разобличен, односно станало јасно дека се работи за монтиран случај.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Слично

Поврзани вести