Случајот на ВМРО-ДПМНЕ во „Талир 1“ пред застарување
Рочиштето за предметот „Талир 1“, кој се однесува на обвиненија за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, денес беше одложено.
Како причина се наведува тоа дека во кривичниот суд не стигнале списите бидејќи се наоѓаат во апелациониот суд кој одлучува по жалба на обвинетите.Тие барале судот да не ги прифати прислушуваните разговори како докази, и откако кривичниот суд го одбил барањето се жалеле на апелација.
Поради честите одолговлекувања, постои опасност делот во кој е обвинета партијата ВМРО ДПМНЕ да застари бидејќи казните за правното лице се пониски.
Според обвинителката Ленче Ристоска тоа ќе се случи во декември годинава за што таа алармираше и денеска во судницата.
Во случајот се обвинети екс-премиерот Никола Груевски, како и Илија Димовски, Кирил Божиновски, Леко Ристовски и Миле Јанакиески.
Предметот започна во февруари 2019 година, а поради сложеноста и бројот на сведоци, судскиот процес постојано се одолговлекува.
