Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈОТ „ЛЕКАР ФАНТОМ“ СЕ ИСТРАЖУВА: Лекување во домашни услови е екслузивно право само на матичен лекар, вели Филипче

СЛУЧАЈОТ „ЛЕКАР ФАНТОМ“ СЕ ИСТРАЖУВА: Лекување во домашни услови е екслузивно право само на матичен лекар, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска по настанот по повод Светскиот ден на донорството, одговарајќи на новинарски прашања истакна дека случајот „лекар фантом“ сѐ уште се истражува, откако овој скандал вчера го обелодени Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој соопшти дека лекар две недели давал „освежувања“ на пациентка болна од ковид, по што таа починала по само неколку часа откако е хоспитализирана.

-Овој случај се уште се истражува, динствено што засега е познато е дека случајот го пријавил лекар од ГОБ „8-ми Септември“ кој го направил приемот на пациентиката. Ексклузивното право да комуницира и да дава препораки за лекување во домашни услови го има матичниот лекар, пред се поради можноста 24 часа да комуницира со пациентот, да направи проценка на состојбата, да каже дали е за домашно лекување или евентуално да препрати на лекар специјалист и за хоспитализација. Така што, тоа е единственото нешто што е можно и единственото нешто што системот го препорачува и дозволува, нагласи Филипче.

Министерот порача граѓаните кои се болни од вирусот да разговараат само со матичниот лекар, а по негова препорака и со лекар специјалист. да се дискутираат само со матичниот лекар или со лекар специјалист.

-Нема еден универзален протокол за лекување, но има протоколи согласно клиничката слика на пациетите, манифестацијата и евентуалното присуство на хронични болести. Затоа е важно секогаш да се консултира лекар. Или матичен, а по негова препорака и лекар специјалист, посочи министерот за здравство.

А. Б.


Слично

Поврзани вести