Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ ЗА ВЛАДИНИТЕ ХОНОРАРЦИ: Антикорупциска ќе ги бара имињата

СЛУЧАЈ ЗА ВЛАДИНИТЕ ХОНОРАРЦИ: Антикорупциска ќе ги бара имињата

Антикорупциска отвори случај за  владините хонорарци. 

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отворила случај за владините хонорарци, чии имиња не се обелоденети, информира претседателката на ДСКСК, Билјана Ивановска на ТВ Алфа во емисијата, додавајќи дека ќе ги бара нивните имиња. 

„Се поставува прашањето дали толку многу авторски дела и требаа на Владата, од една страна, од друга страна дали анализите се авторско дело бидејќи во Законот за авторски права не стои дека анализите се авторско дело, стои пишани документи, но тоа е широк поим. Самиот Закон за авторски права кажува дека авторското дело треба да добие јавност. Според мене не само што требало да бидат кажани лицата, туку требало и самите автрорски дела да бидат достапни“, појасни  Ивановска.

Сите исплати од буџетски сртедства, нагласи таа, треба да бидат јавни бидејќи буџетот се полни од јавни давачки. Според неа, многу е погрешно да се крие намената и на кого е извршена исплатата.

Владата преку авторската агенција „Артпицк' за декември 2020 исплатила 37.000 евра за други договорни услуги, односно за ангаќирање на хонорраци, објави БИРН.

Владата со над 250 вработени во Генералниот секретаријат, дополнително лани во декември ангажирала 58 луѓе чиј идентитет го чува во тајност.

Слично

Поврзани вести