СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Девојче на ученици им дало 25.000 евра за да не го тепаат нејзиниот болен брат
Малолетници уценувале соученичка во Скопје да им даде пари за да не го тепаат нејзиниот болен брат, и девојчето тоа и го направило според пријавата во полиција.
Во полицијата во Скопје е пријавено дека малолетна ученичка од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар трпела уцени од двајца соученици, кои подолго време ѝ се заканувале дека ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој има здравствени проблеми, доколку не им дава пари. Случајот е пријавен во петокот во 00:30 часот во СВР Скопје. Уцените ги пријавил таткото, 52-годишен жител на Скопје.
Поради страв за братот, девојчето во повеќе наврати им давало пари на соучениците, а вкупниот износ кој го одзела од дома достигнал 25.000 евра.
Слично
